| четврток, 6 декември 2018 |

Млад скопјанец претепан со прачки и стапови

stop-policija-652

Дваесет и шестгодишно момче е претепано на булевар „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Ноќеска, триесетина минути по полноќ, неколку непознати лица физички го нападнале скопјанецот Ј.Ф.

Според податоците од полицијата, насилниците ја отвориле вратата од возилото во кое се наоѓало младото момче и со прачки и стапови почнале да го удираат по главата и по телото. По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на 26-годишниот Д.В. и 20-годишниот Ј.М. од Сарај против кои ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top