| четврток, 6 декември 2018 |

Нацист доби 30-дневен притвор во Дубрава

lirim-jakupi-nacistЛирим Јакупи Нацист ќе остане триесет дена во Дубрава зад решетки. Истражниот судија го прифатил барањето на специјалниот обвинител на Еулекс, да го задржи зад решетки бегалецот по кого Македонија трага веќе десет години. Специјалното обвинителство во Приштина во тој рок може да ги провери обвиненијата за кои го бара македонската полиција. Еулекс веќе побарале помош од МВР.

Минатиот петок Нацист беше уапсен за потерницата распишана во 2004-та година за обид за убиство на полициски службеници при интервенцијата во Шуто Оризари и обидот за негово апсење во Тетово истата година. Процес во кој одговараше и за незаконско поседување и користење на огнено оружје за што доби затворска казна од 15 години. Нацист македонската полиција го бара и за делото тероризам, откако во 2007 година успеа да побегне за време на акцијата Планинска бура во тетовско Бродец. И за овој случај Нацист од македонските судови доби казна затвор од 15 години во отсуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top