| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан Бразилец возел осум километри со мртов велосипедист на ветробранот (ВИДЕО)

Бразилецот Хосе Адил Симиони, пијан возел осум километри со мртов велосипедист на искршеното ветробранско стакло, кого претходно го удрил со автомобилот.

Возачите кои возеле на патот, како што пишува Дејли Мејл, мислелеле дека жртвата всушност е кукла, но кога заклучиле дека во прашање е човек, веднаш ја повикале полицијата .

Вчудоневидените луѓе кој се нашле на местото на несреќата и кој на почетокот мислеле дека тоа е кукла, ја фотографирале неверојатната сцена додека чекале да пристигне брзата помош. Настанот го снимила и камерата на автопатот.

Жртвата на сообраќајката, Марко Аурелио Дловски(31), се враќал од работа кога на него во свиокот налетал автомобилот што го возел Жозе Адил Симиони. Брзата помош веднаш ја констатирала смртта на Дловски, а Симиони бил приведен.

Еден од полицајците рече дека Симиони не бил во состојба ниту да оди.

-Моравме брзо да го пикнеме во патролното возило, за да не го нападнат собраните луѓе – додаде полицаецот.

Се очекува возачот да биде обвинет за возење во пијана состојба и за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top