Автомобил бомба експлодира во сириски град Џараблус при што загинаа најмалку 26 луѓе. Според Сирискиот центар за човекови права, нападот го извршиле лица поврзани со Ал Каеда.
Најголем дел од жртвите се бунтовници од други фракции.
Северните и источни региони на Сирија се зафатени од најтешки внатрешни судири од почетoкот на конфликтот пред три години.
Стотици лица беа убиени за повеќе од една нeдела престрелки меѓу коалицијата од бунтовнички групи и Исламска држава во Ирак и Левант кои се поврзани со Ал каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


