| четврток, 6 декември 2018 |

Четиринаесет години од смртта на Аркан, Цеца го посети гробот

Најголемата фолк ѕвезда во Србија, Светлана Цеца Ражњатовиќ денеска го посети гробот на нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражњатовиќ Аркан, кој беше убиен пред  14 години, во хотелот “Интерконтинентал”.

Поменот за покојниот сопруг на Цеца се одржал денеска во 12 часот на новиот гроб на Аркан.

Цеца на гробиштата пристигна придружувана од нејзиниот син Вељко и сестра и Лидија. На гробиштата на Аркан се појавиле и неговата сестрата, кумот Борислав Пелевич, и неговите другари.

-Аркан е присутен во секој ден од мојот живот, секој ден се повеќе и повеќе ми недостига – рекла пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top