| четврток, 6 декември 2018 |

Изборот на име за ќерката го препуштил на интернет корисниците

Додека некои родители со денови разговараат, ги прешкртуваат имињата од списокот, додаваат нови, еден „луд“ татко одлучи одлуката да ја препушти на корисниците на Интернет.

Стивен Меклафлин ја покрена страницата „namemydaughter.com“ и по пат на Редит ги повика корисниците да дадат предлози. Името со најмногу гласови до 2 февруари кога се очекува доаѓањето на девојчето на свет ќе биде запишано во нејзиниот извод на родени. Меѓу водечките се имињата како Ктулу, Ладвиша, Мегатрон, Легатор и Лесли. Се избира и средно
име за девојчето, а тука меѓу водечките се и Ол Спарк, Ли-Деш-А, Понд, Салад и Титаниум.

За да ја убеди сопругата за така важната одлука да им ја предаде на светот на странци, Меклафлин рече дека ќе има можност на вето над конечниот избор.

– Здраво, моето име е Стивен и покрај неверувањето на мојата сопруга, одлучив да му препуштам на Интернет да даде име на мојата ќерка, напиша на страницата.

На крајот на реченицата на интернет стои ѕвездичка, а следи и објаснување дека на интернет не смее до крај да му се веруваа:

– Мојата ќерка не смее да добие име WackyTac692, порача тој.

Сите можат да гласаат за повеќе имиња и да нудат повеќе опции, но оние непримерните се бришат. Иако веќе морал да повлече имиња на полово пренослилви болести и пози во секс, Стивен е задоволен од луѓето. Во водство моментално е изненадувачки нормалното име – Амелија Мае.

Но, се чини дека хакерите почнаа со обиди да го местат гласањето па името Ктулу неочекувано заработи 1700
гласови без IP адреса.

Кое име ќе биде одбрано, дали Стивен ќе вложи вето, што на сето ова ќе каже сопругата, ќе се дознае за помалку од три месеци, кога се очекува раѓањето на девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top