Дел од студентите на Штипскиот универзитет се незадоволни што некои професори им го прекинаа зимскиот распуст и им создадоа дополнителни финансиски трошоци.
Некои од професорите кои што предаваат и на други универзитети за да си ги намалат обврските кога ќе почне летниот семестар ги тераат студентите да полагаат испити во текот на зимската ферија.
Професори кој предаваат на Медицинскиот и други факултети во Скопје своите испити ги закажале на 16 и 17 јануари иако според правилникот на Високошколската установа во деновите од распустот не смеат да полагаат испити.
Дел од студентите кои живеат во други градови сега ќе мораат да заминат во Штип на испит на еден ден по што ќе се вратат дома за повторно во понеделник да се вратат на настава. Со тоа само поради лошиот распоред на своите професори тие ќе изгубат неколку илјади денари од ионака скромните семејни буџети.
Со сличен проблем се соочуваат и дел од студентите кои студираат на скопскиот и битолскиот универзитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


