За тоа колку пцовки можат да излезат од само една изјава, посебно кога го вклучува зборот „матер“ веројатно се уверивте утреово кога ги отворивте вашите профили на социјалните мрежи.
Во синоќешната втора емисија во живо на „Икс-фактор“, Жељко Јоксимовиќ алудирајќи на песната „Чија си“ од Тоше, рече дека конечно му одбрал песна на Даниел Кајмакоски на неговиот мајчин јазик (матерни језик).
Иако веќе на следното обраќање се поправи и се извини, дека песната од Тоше сепак е на српски јазик, а македонскиот е мајчиниот јазик на Даниел и наскоро тој ќе пее и на македонски, тоа беше доволно време да го разбуди бесот кај сите оние кои го гледаа шоуто.
За момент, барем за сите оние „револуционери на тастатура“, во вода пропадна и одличниот настап и изведбата на Даниел и „Чија си“ во една поинаква верзија.
Сепак, Даниел доби доволно гласови од публиката и продолжува понатаму, а во петок, на 17 јануари, доаша во Охрид како гостин на концертот на Жељко Јоксимовиќ во спортската сала „Билјанини извори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.