| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмаковски на 17 јануари ќе настапи во Охрид

Финалистот на „Икс-фактор“ Даниел Кајмакоски на официјална фан-страница на „Фејсбук“ најави дека во петок на 17 јануари, ќе настапи во Охрид пред своите фанови во Македонија.

– Многу се гордеам што можам да ви кажам дека конечно ќе настапувам во Македонија. Се надевам дека ќе дојдете да уживате заедно со мене и со Жељко Јоскимовиќ во Охрид, а за утре стегајте палци ќе ми треба вашата поддршка бидејќи малку сум настинат но ќе се потрудам да отпеам најдобро што можам – вака гласеше коментарот на Кајмакоски кој вечервa ќе настапи на втората полуфинална вечер на „Икс фактор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top