Европскиот парламент, речиси една година по скандалот со коњското месо во Европа, денеска побара поинтелегентни контроли и построги казни за прехранбените измами.
Искористувајќи ја медиумската покриеност на скандалот, европратениците изготвија детален извештај во кој обработува проблематиката. „Ние се обидуваме да го земеме предвид целиот ајсберг, а не само врвот“, објаснува известувачката, холандската европратеничка Естер де Ланж од редовите на Народните партии.
Прехранбената измама не се ограничува само на здраствените прашања, подвлекува таа, посочувајќи го примерот со јајца кои се продаваат како органски, а всушност не се органски. Од прехранбените производи најчесто се манипулирани и се изложени на измама потрошувачите со маслата, посебно маслиновото масло, потоа рибите и месото, органската
храна и млекото, во што криминалните организации имаат се поголемо влијание.
– Кога контролите станаа посериозни во Италија, организарните банди кои работата на измама со прехранбени производи се преселија во Словенија, вели Естер де Ланж, притоа оценувајќи дека прехранбените измами се се побројни во Европа.
Европратениците предвидуваат поинтелегненти контроли, односно тие да не бидат предвидливи и очекувани од измамниците. А тие кои ќе бидат фатени во измама да бидат построго казнети. Казните според европратениците треба да бидат најмалку двојно повисоки од профитот кој го носи измамата. Имено, ниските казни ги наведуваат операторите со храна да мамат и да ги повторуваат измамите кога еднаш ќе бидат откриени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.