Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква ги покани сите верени двојки, кои сакаат да се сретнат со него, да го посетат на 14 февруари, кога католичкиот свет го одбележува празникот Св. Валентин, познат и како Денот на
вљубените.
Средбата ќе се одржи во салата „Павле Шести“ во Ватикан, се наведува во соопштението од Светата столица. Соопштението беше објавено денеска на неколку јазици.
Верените двојки треба да се регистрираат до 30 јануари во семејните оддели на соодветната епархија или да испратат електронска пошта на адресата events@family.va.
Папата ја презеде иницијативата, за да ја поттикне брачната институција, која е во криза меѓу католиците, каде разводите бележат се поголем замав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.