Ако во секојдневната исхрана внеувате сос од свежи домати, со тоа ќе го намалите ризикот од болести на срцето. Ова го покажа едно истражување во кое биле опфатени 20 луѓе од кои десет јаделе сос од свежи домати, а другите 10 не го конзумирале по оброк богат со маснотии.
Истражувачите од Универзитетот во Верона по ова истражување утврдиле дека 80 грама сос од домати дневно може да го подобри здравјето, посебно маснотиите се многу застапени во исхраната.
Антиоксидансот ликопен на доматот му ја дава црвената боја и има многу здравствени предности. Сосот од домати е многу поздрав отколку суровиот домат, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.