| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва љубовни песни на „Икс-фактор“ – Даниел ќе запее на српски

Втората емисија во живо на балканското шоу „Икс-фактор“, ќе понуди тематска вечер посветена на љубовните и срцепарателни песни.

Еден од 11 останати финалисти, оној со најмалку гласови од гласовите на публиката, вечерва засекогаш ќе го напушти шоуто. Еден од оние четворица испаднати од фазата на „домовите на судиите“, односно, оној со најмногу гласови, ќе се врати во понатамошното натпреварување.

Вечерва публиката на Балканот повторно ќе може да го погледне 3 часовното шоу, каде според изборот на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ, нашиот претставник Даниел Кајмакоски за прв пат ќе пее на српски јазик.

Специјален гостин на вечерта, пак, ќе биде босанскиот романтичар Хари Варешановиќ – Хари Мата Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top