Според пишувањата на британските медиуми, Би-Би-Си преговара со Северна Кореја за емитување програми од својата продукција на корејската државна телевизија.
Неименуван извор тврди дека Би-Би-Си на корејската телевизија наскоро би можела да и испорача некои од своите најпопуларни наслови, пред се програми кои не се навредливи и кои не се занимаваат со непријатни теми, како војните.
Така, меѓу останатото, Севрнокорејците наскоро би можеле да уживаат во детската емисија „Телетабиси“, „Доктор Ху“ и „Господин Бин“.
Британците сметаат дека долгорочно гледано ова е добар начин за влез во едно затворено општество, чии жители ќе може подобро да го разберат светот надвор од нивните граници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит


