| четврток, 6 декември 2018 |

„Трето полувреме“ ќе се прикажува и во Австралија

darko-mitrevski

Македонскиот филм „Трето полувреме“ на режисерот и сценарист Дарко Митревски ќе се прикажува во Австралија, а во тек се преговри за дистрибуција во САД и во Канада. Ова го изјави Митревски во интервју за „Гласот на Америка на македонски јазик“. Филмот за љубовта меѓу една Еврејка и фудбалер Македонец имаше три проекции на фестивалот „Палм Спрингс“ каде што помина одлично и проекциите беа распродадени.

– „Трето полувреме“, исто како и неговиот автор, е филм што е против секој тој што може да помисли дека човек поради својата припадност, било верска, било национална, било политичка, било сексуална, каква било негова определба, може да биде понижуван и дека некој има право да го понижува, да го одземе неговиот имот, да го загрози неговиот живот или, воопшто, на кој било начин негативно да влијае на неговата иднина. „Трето полувреме“ е филм против сите такви идеологии, без оглед на нивниот предзнак – вели Митревски во интервјуто за „Гласот на Америка на македонски јазик“.

Тој во интервјуто открива дека паралелно работи на неколку други проекти – за аферата „Мис Стон“, за детството на Мајка Тереза и на еден американски трилер, за кој во моментов пишува сценарио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top