Популарниот рапер Кање Вест дефинитивно е лудо вљубен во неговата идна сопруга Ким Кардашијан.
А доказ за тоа е, како што пишува магазинот „Грациа“ Кање медениот месец сака да го поминат буквално на Месечината.
– Кање е опседнат со вселената и научната фантастика. Дури снимил и неколку видео спота со таа тематика, но овој потег секако ќе биде чекор повеќе бидејќи раперот веќе одлучил медениот месец да го помине на Месечината, односно на една вселенска станица – вели извор близок на парот.
Сега останува само да се венчаат и конечно да тргнат кон Месечината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


