| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе: рамноправноста на половите е само мит

bijonse (1)

Пејачката Бијонсе смета дека рамноправноста на половите постои само во одреден дел од светот и е само мит. Според неа, мажите и жените заеднички треба да се ангажираат по прашањата кои се важни за рамноправноста на половите. Бијонсе ги критикуваше оние кои тврдат дека рамноправноста меѓу половите е реалност.

– Тоа уште не е реалност. Денес жените ја сочинуваат половината од работната сила во САД, но просечната вработена жена заработува само 77 отсто од она што го заработува просечниот маж – изјави Бијонсе.

Таа смета дека мажите треба да се борат за своите мајки, сопруги, ќерки и сестри.

– Мажите се тие кои треба да бараат жените да заработуваат повеќе, во однос на своите квалификации. Заработувањето не треба да биде поврзано со полот. Еднаквоста ќе се постигне тогаш кога и мажите и жените ќе заработуваат исто, бидејќи тогаш еднакво ќе се почитуваат – додаде Бијонсе за британските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top