
Денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики – Василица.
На 1 јануари според стариот, односно 14 јануари според новиот календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова година.
Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.
Денеска се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва на полноќ сите немажени девојки треба да бидат будни
-
Ако ви се падна паричката на Василица, еве каде треба да ја чувате за да ви носи среќа цела година
-
Вечерва се дочекува Православната Нова Година – Кои други народи во светот ќе слават со нас?
-
Утре е Василица, еве зошто треба да вртите лепче со паричка


