
Вооружени групи блиски на Ал Каеда вчера презеле контрола над градот Ал Баб во северниот дел на Сирија откако по тешки борби ги протерале противничките бунтовнички групи, тврдат активисти за набљудување на човековите права во Сирија.
По освојувањето на градот, припадниците на исламистичките групи поставиле контролни пунктови на главните приоди во градот и спровеле рации во куќите во потрага по противнички борци.
Градот падна во рацете на исламистите блиски на Ал Каеда по 11 дневни тешки борби кои се водат во северниот дел на Сирија каде што територијата ја контролира опозицијата.
Според активистите за човекови права, екстремистите преку разгласите од џамиите ги повикае жителите на градот да го прададат оружјето објавувајќи дека дошле да го применат исламскиот закон.
Ова се најжестоките судири меѓу противничките бунтовнички групи од почетокот на војната во Сирија поради што дополнитечно се компликува решавањето на сирискиот судир на мировната конференција закажана за 22 јануари во Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


