| четврток, 6 декември 2018 |

Маглата го затвори „Александар Велики“; внимателно на патиштата

aerodrom maglaСкопскиот аеродром „Александар Велики“ поради магла денеска беше затворен за сообраќај и во текот на денот немаше реализиран лет.
Според распоредот на веб-страницата на аеродромот, сите планирани слетувања и полетувања се или откажани или се пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија и во Белград.
magla-512x272Патниот сообраќај, пак, на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија попладнево се одвива тековно, некаде по влажни коловози, соопшти ЈП „Македонијапат“.
На повеќе места има магла и видливоста е намалена. Од 50 до 100 метри видливост, според извештајот на „Македонијапат“, има на патните правци Куманово – Крива Паланка, Скопје -Велес,  Куманово – Скопје, видливост од 100 метри има на патот Кочани – Виница, од 50 метри на правците Тетово – Попова Шапка, Прилеп – Градско и кај Ресен, 30-50 метри на патот Штип -Неготино и Велес – Неготино,  видливост меѓу 20 и 30 метри има на патните правци Куманово -Свети Николе,  Тетово – Гостивар и кај Битола, 30 метри на Штип – Велес и Штип – Радовиш и од 10 до 15 метри на патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Јажинце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top