Џули де Либран, десната рака на поранешниот креативен директор на модната куќа Луј Витон, Марк Џејкобс, ја напушта позицијата на креативен директор на женскиот оддел на брендот. Џули претходно има работено за Прада, Версаче и Џанфранко Фере, а во Луј Витон се вработи во 2008 година.
Иако, не се знае зошто таа ја напушта позицијата, се шушка дека заменикот на Џејкобс, Николас Гескуиер донел свои луѓе што ја разнишаа позицијата на незаменливиот дел од тимот на Џејкобс. Засега, е непознато дали таа ќе биде преместена во некој друг дел или целосно ќе замине од Луј Витон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


