Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе стане едношалтерски систем со новиот Закон за електронски комуникации. Како што најави министерот за информатика, Иво Ивановски, АЕК ќе биде единствена точка за информации и институција која ќе добие проширен корпус ингеренции.
– Ова се прави со цел да се намали бројот на бирократските процедури. Втора новина е распределбата на приходот од универзалната услуга. Предлагаме да се конкурира и средствата да се распределат – рече Ивановски.
Според него, новиот закон за електронски комуникации е изработен во насока на обезбедување одржлива ефикасна конкуренција, поедноставување на процедурите за влез во бизнисот на електронски комуникации и намалување на трошоците на операторите, поголема координација и поедноставени процедури за градење кои ќе влијаат во намалувањето на трошоците при изградбата на следните генерации броудбенд мрежи, ефикасно и флексибилно користење и управување со радиофреквенциите, броевите и сериите на броеви, обезбедување можност крајните корисници да остварат пристап и да може да дистрибуираат информации или да користат апликации и услуги по сопствен избор итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот
-
Во АЕК граѓаните се жалат на високи сметки, мобилна телефонија и интернет
-
АЕК: Два виртуелни оператора заинтересирани за влез на македонскиот пазар
-
Помош од ЕУ за капацитетите на регулаторите во телекомуникаците и медиумите