На денешната прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, истакна дека, покрај зголемувањето на субвенционирањето од страна на владата од 50 на 75 проценти во ратата за првите пет години, се овозможува по толку многу години да се реновираат или да се урнат бараките во коишто живеат голем дел од граѓаните во Скопје како што се Карпош, Тафталиџе, Влае и слично и на нивно место да се изгради куќа.
– Ова побудува голем интерес и во изминативе денови веќе имаме повици, мејлови и слично. Верувам дека на граѓаните ќе им излеземе во пресрет преку овој проект, рече Ставрески по средбата со претставници ССК, на приватни инвестотори вклучени во проектот и на градоначалниците на општините Гази Баба, Илинден и Сопишта на која биле разгледани измените на проектот.
Третата измена, пак, што е направена на барање на граѓаните – да не се враќаат средствата што се субвенционираат по 10-тата година ако граѓанинот предвреме реши да го врати кредитот, според Ставрески, исто така ќе го направи поатрактивен овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.