Во македонски пошти денеска беше промовирана таксена марка која чини 8 денари и со која граѓаните ќе можат поевтино и полесно да ги испраќаат своите пликоа со по 20 фискални сметки.
На таксената маркичка е испечатено логото од самата наградна игра, кое треба да се залепи на стандарен бел плик, кој ќе биде испратен на адресата на Државна лотарија на Македонија.
Министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека заинтересираноста на граѓаните е голема, за што сведочи и бројот на испратени пликоа.
– Граѓаните може да ги испраќаат своите пликоа до 26 јануари на полноќ, а извлекувањето е на 27 јануари. Во игра се сите фискални сметки испратени од почетокот на наградната игра, односно од 15 ноември – истакна Ставрески.
Освен вредносните ваучери, среќен граѓанин ќе добие и нов автомобил.
Министерот откри дека во моментов се преговара со супермаркети ширум Македонија да се постават сандачиња каде граѓаните ќе може да ги оставаат своите пликоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст