| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Успешна 2013 година – многу капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура

Во 2013  потпишани се  договорите за реализација на повеќе клучни проекти, како што се изградбата на автопатите Миладиновци – Штип  и Кичево – Охрид, како и за изградба на железничката пруга до Бугарија.

Министерството за транспорт и врски 2013 година ја заокружи како многу успешна година со многу реализрани проекти и договори кои допрва ќе се реализираат.

-Започнавме реконструкцијата на 13 мостови долж коридорот 10 и воведовме електронско одобрение за градење, а ја продолживме реализацијата на значајните проекти од Програмата на Владата на Република Македонија, меѓу кои и проектите за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, обновувањето на пругите на Коридорот 10, воведувањето на нискотарифни летови во воздухопловството, изградба и распределба на социјални станови, изградба на канализациски и водоводни системи и многу други – истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски при денешниот отчет на сработеното во 2013 година.

Јанакиевски потенцираше дека сите овие проекти и активности кои ги преземаме во областа на патниот, железничкиот и воздушниот сектор, како и во областите домување, комунална инфраструктура и градежно земјиште имаат неколкукратни позитивни ефекти врз економскиот развој на нашата држава и овозможуваат подигнување на квалитетот на животот на граѓаните на Република Македонија.

Минатата година биле потпишани  и  договорите за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, а  во делот на патната инфраструктура, продолжи изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Коридорот Х со должина од 28,2 километри, со што целиот коридор ќе биде на ниво на автопатско решение, а воедно ќе се подобри поврзаноста на Република Македонија со другите земји членки на Европската Унија.

Министерот Миле Јанкиевски е особено горд  за воведувањето на електронски систем за издавање на одобренија за градење а за 2014 годиниа најава и издавање на урбанистички план по електронски пат.Во 2013 година бил постигнат договор за  рехабилатиција на автопатот  Велес-Катланово што ќе започне најкратко за 2,3 месеци.

270 километри патна мрежа е реконструирана од страна на министерството, 99 локални патишта до населените места кои дотогаш никогаш не биле асвалтирани како и за првпат е реконструиран  патот до манастирот Траскавец, што е особено значајно за локалното население.

Многу напредок е постигнат и во железничкиот сообраќај. Постигнат е договор за изградба на железницата Куманово Бељаковце. Во првиот квартал оваа година ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија, а наскоро се очекува и железничко поврзување со Албанија.

Оваа година завршена завршена е реконструкцијата на пругата Табановце- Куманово и Миравци- Смоквица а набавени се и нови 150 товарни вагони. За 2014 веќе е направен порект за модернизација на железничката станица во Скопје.

Во делот на комуналната инфраструктура, во 2013 година продолжи реализацијата капиталниот проект за „Водоснабдување и одведување отпадни води“ кој е финансиран од Европската инвестициона банка и Буџетот на Република Македонија и е од големо значење за многу населени места во Република Македонија. Проектот се реализира во сите 84 општини во Република Македонија со цел зајакнување на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот во општините во Републиката.

-Во областа на станбената политика, продолживме со имплементацијата на проектот за домување на лицата кои се во социјално-ранливите категории. Во 2013 година започната е изградбата на 3 објекти со вкупно 119 социјални станови во Прилеп, Демир Хисар и Ресен, а јавно и електронски се распределени 20 станови во Берово – изјави министерот Јанкиевски.

Тој истакна дека во делот на управувањето со градежното земјиште во текот на 2013 година, Министерството за транспорт и врски распиша 35 јавни објави за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно електронско наддавање со што се овозможени нови инвестиции, односно изградба на нови објекти за колективно и индивидуално домување, комерцијални и деловни згради, трговски центри, катни гаражи, откупно дистрибутивни центри, лесна и незагадувачка индустрија и бензински пумпни станици и придружно услужни објекти.

До сега вкупно 42 општини се здобија со правото да отуѓуваат и даваат под закуп неизградено градежно земјиште затоа што ги исполниле сите обврски согласно Законот за градежно земјиште и веќе има голем број на склучени договори што дополнително придонесува кон овозможување на нови вработувања и зголемен економски развој.

Во 2013 година Министерството за транспорт и врски  ја поведе и иницијативата за воведување  на електронски систем за подготовка на урбанистичките планови и давање на согласност, со што целиот овој процес ќе биде заокружен и дигитализиран, а овој месец се  очекува да се распише повик за изработка на овој електронски систем.

Исто така, во 2013 година беше воспоставена уште една електронска алатка, наречена „Е-автобуска“, електронски систем со кој на патниците им се овозможува на едноставен начин пребарување, резервација и плаќање на автобуски билети за меѓуградски и меѓународни линии преку интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top