На годишното собрание на „Занг Гуанг“ (Zhang Guang )групацијата во Пекинг, македонскиот професор д-р Ивица Смилковски беше одликуван со престижниот медал „Excellence Bureau Award” за ширење на кинеската медицина и култура во светот. Признанието му беше врачено од страна на Н.Е. Џанг Чуанг Цао, основач и претседател на групацијата, кој е носител на највисоки државни почести и 9-тиот најбогат човек во Народна република Кина.
– Искрено, навистина ми е чест што сум првиот Македонец кој е одликуван со медалот од страна на Кина за ширење на нивната култура и медицина преку брендот „101 Hair Care“. Во моментов освен Македонија, напредно работиме и во Србија но ќе се шириме низ Балканот и Европа во следните години – вели професор д-р Ивица Смилковски, извршен претседател на 101 естетско – дерматолошките клиники во Скопје и Белград.
Смилковски во присуство на кинескиот политички и бизнис – естаблишмент имаше директно обраќање и предавање за идната стратегија за промовирање на кинеските вредности ширум светот. Во негова чест беше организирана и свечена вечера во присуство на еминентни владини, дипломатски и бизнис претставници.
Покрај оваа награда профeсор д-р Ивица Смилковски е носител на останти престижни награди и признанија. Тој беше прогласен за првенец на генерација за време на студиите, најдобар студент во Македонија, најмлад доктор на науки во Македонија, предава на повеќе универзитети во земјава и во странство, експерт е во повеќе национални и меѓународни институции, и зема директно учество во функција на претседател на судот на честа при Лајонс Десарети, но и финансиски советник на генералниот директор на Soravia Group Ltd.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.