Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.
Спасов ја информираше јавноста дека Владата на Република Македонија го усвои новиот Оперативен план и информираше дека огласот за мерката самовработување е веќе излезен во електронските медиуми, мерка за којашто има најголем интерес и една од најуспешните мерки која овозможува директни вработувања.
-Ги охрабрувам сите евидентирани невработени лица како активни баратели на работа, кои имаат бизнис идеи и кои сакаат да ги реализираат, коишто своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување да ја искористат оваа шанса, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување бидејќи оваа мерка самовработување е одлична можност да се реализира идејата и визијата, да се стартува нов бизнис и да се постигне успех, да се обезбеди сопствено вработување но и да се отворат нови работни места исто така и профит, рече Спасов.
Право на учество во програмата самовработување имаат сите невработени лица регистрирани како активни баратели на работа. Кандидатите кои во претходните циклуси завршиле обука за “Претприемништво и бизнис планирање”, а не биле селектирани, ќе имаат право повторно да се вклучат во процесот на избор за доделување грант за самовработување.
Заинтересираните невработени лица пријави можат да поднесат најдоцна до 24.01.2014 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во Република Македонија, каде што, исто така можат да добијат и детални информации за мерката, како и на веб страните www.mtsp.gov.mk, www.avrm.gov.mk и www.samovrabotuvanje.mk но и во контакт центарот на телефонот 02-3298-297.
Спасов информираше и за програмите и мерките содржани во новиот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.
-Во него остануваат оние мерки коишто имаа најголеми резултати во однос на обезбедување на вработување, поттикнување на вработување, за коишто имаше голем интерес од страна на невработените, зголемување на вештините, способностите и знаењата на невработените лица и сл. Во Оперативниот план дефинирани се видот на активните програми, целните групи, потребните средства и изворите на средствата, како и конкретните активности, рокови за субјектите надлежни за имплементација на одделните активности. Оваа година преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување се планира да учествуваат 9.135 невработени лица, а буџетот кој е предвиден за реализација изнесува 525 788 240 денари, рече Спасов
Програмите во Оперативниот план се насочени кон потребите за поттикнување паметен, одржлив и инклузивен раст и вклучуваат програми и мерки, како што се денеска објавената Програма за самовработување, потоа, Програмата за финансиска поддршка на правни субјекти (микро и мали претпријатија и занаетчии) за отворање на нови работни места, Програмата за субвенционирано вработување во која што се опфатени повеќе категории на граѓани како што се
субвенционирање на вработување на деца без родители, на инвалидни лица, на млади лица до 29 год. (Прва шанса).
Останува и Програмата за субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште, како и Програмата за подготовка за вработување,
3.1. Обука кај познат работодавач, Обука за напредни ИТ вештини, Практикантство, Едукација за започнување на бизнис, Мотивациони обуки, Програмата општинско корисна работа.
Во мерките приоритет ќе имаат и загрозените категории на граѓани, како и долгорочно невработените , и младите до 29 години,
-Сакам да потененцирам дека како и секоја година и оваа имаме неколку пилот програми и тоа: Пилот програма за вработување на припадниците на ромската етничка заедница и Пилот програмата – инкубатор на за
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.