| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: Американци, како ги убивате вашите државјани?

Џулиен Асанж ги повика официјалните лица во Белата куќа да и достават информациина на страницата Викиликс за тоа како се донесуваат одлуките за елиминација на лицата кои се осомничени дека се терористи, без оглед на фактот дека тие се американските граѓани

512851-julian-assange-639x360

Во интервју за популарната американска телевизија ХБO, Асанж, кој се уште е во амбасадата на Еквадор во Лондон, ги повика американските претставници да ги откријат инструкциите за таквите случаи, во исто време гарантирајаќи им „доверливиост на  изворите.”

Причината за неговата изјава беше еден документ на американското Министерство за правда кој го обајви телевизијата “Ен-Би-Си”, а со кој Американците кои се длабоко во Ал Каеда законски може да бидат убиени, дури и ако разузнавачките информации не докажат дека тие во тој момент планирале напади. Меѓу овие контроверзни напади се и нападите од септември 2011 година кога во Јемен беа убиени двајца, радикалниот проповедник Анвар ал-Авлаки и Самир Кан, уредник на весникот Ал Каеда. И двајцата беа американски државјани кои никогаш не биле обвинети за кривично дело.

Белата куќа по тој повод соопшти дека нападите врз сомнителни цели за упоришта на Ал Каеда се  „законски, етички и мудари” и дека тие се во согласност со американските закони и Уставот, дури и кога на нивната мета се Американци.

“Овие напади се неопходни за да се спречат постојните закани, заговори и да се спречат идни напади, со што ќе се  спасат американските животи”, рече портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

“Не можам да замислам ништо полошо и подолно од тоа што американски официјален претставник произволно може да убие свои граѓани по волја, тајно и без јавнен процес на донесување одлуки”, рече Асанж, за една руска телевизија. Токму затоа, како што рече, на светот му е потребна Викиликс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top