Албанската полиција од јужниот град Ѓирокастро приведе 35 илеглани имигранти од африканските земји, кои биле пронајдени во еден камион, јави дописникот на МИА.
Според секторот за борба против недозволената трговија од Полицискиот комесаријат во Ѓирокастро, камионот, кој излегол од селото Лазарат, требало да ги превезе имигрантите до северниот дел на Албанија, односно до границата со Црна Гора.
Камионот бил запрен на патниот правец Ѓирокастро-Тепелена, при што биле упасени и три лица од Лазарат и Тепелена, кои биле дел од добро организиран канал на недозволена трговија со луѓе.
Постојат сомежи за вмешаност и на неколку полициски службеници, бидејќи камионот без проблеми го минал полицискиот пункт кај меснота „Студена вода“.
Илегалните имигранти од африканските земји само транзитирањето преку Албанија ги чини најмалку 300 евра.
Според полициската статистика, во текот на минатата година во Албанија се откриени околу 3.000 илегални имигранти. Најчесто тие се од Пакистан, Авганистан, Сирија, Мароко, Египет и Еритреја, но и од Мали и од Судан. Откако илегално ќе влезат на албанска територија, главно од Грција, патот за Западот се обидуваат да го продолжат кон Италија или преку Црна Гора кон друга земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре