| четврток, 6 декември 2018 |

Водач на група Амиши осуден на 15 години затвор

Во САД изречена казна затвор од 15 години на водач на група Амиши оти наредил сечење на бради и коси

82695Самуел Малет, лидерот на конзервативната христијанска заедница на Амиши во САД, е осуден на 15 години затвор, бидејќи наредил на „собраќата” присилно да им се отсечат брадите и косите, што е протолкувано како злосторство од омраза.

Другите членови на групата – девет мажи и шест жени, кои го извршиле неговиот налог се осудени на казни до една до седум години затвор, судијата истакна дека обвинетите прекршила уставно загарантираното право на вероисповеста, објавија светските агенции.

Овој случај е реткост во заедницата на Амишите, кои живеат повлечено, според строгите религиозни принципи и ги отфрлаат многу од достигнувањата на модерниот живот, вклучително и електрична енергија.

Тие веруваат дека во Библијата се бара од жените да не ја сечат косата, а мажите да престанат и да ја бричат брадата веднаш штом ќе се оженат, па затоа отсекувањето на косата и брадата кај нив е многу навредливо.

Во Охајо, има околу 61.000 Амиши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top