| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето од „Сам дома“ се обиде да се самоубие!

Меколи Калкин, актерот омилен на секое дете и популарен по улогата во филмот „Сам дома“, се обиде да се самоубие.

За него одамна се вели дека е зависник од хероин и апчиња против болка, а според странските медиуми, тој се обидел и со предозирање да си го одземе животот.

Извор близок до актерот вели дека тој толку многу се предозирал што за малку ќе умрел.

-Среќа што не беше сам. Но намерата му беше очигледна, тој сакаше да се самоубие. Му течеше крв од носот затоа што шмркаше кокаин. Не можеше да ја преболи Мила Кунис, која и го напушти поради зависноста, вели изворот.

Неговите блиски го тераат да оди на рехабилитација, а останува само да видиме дали актерот ќе ги послуша нивните совети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top