Бугарија и Грција треба да се здружат за да понудат силна конкуренција во земјоделството против соседите што не се членки на Европската унија, Македонија и Турција, смета бугарскиот министер за земјоделство, Мирослав Најденов,, јави грчката информативна агенција АНА-МПА, а пренесе Плусинфо.
Најденов денеска е во посета на саемот за сточарство „Зоотехниа“ во Солун.
– Има конкурентски притисок во земјоделството од страна на Турција и Македонија, кои не се дел од ЕУ и нивните земјоделски сектори можат да ги уживаат привилегиите што не им се достапни на земјоделските производители во ЕУ – рече бугарскиот министер во интервјуто за АНА-МПА.
– Ние сме соседи со Грција и нашата амбиција е да ја зголемиме взаемната размена – истакна Најденов.
Бугарскиот министер за земјоделство забележа дека грчките земјоделски компании веќе имаат востановена пракса да користат бугарски прехранбени суровини и сугерираше дека оваа пракса може да се надогради.
Тој, исто така, повика и на зголемена размена на земјоделски производи, при што бугарските зрнести продукти би биле увезувани во Грција и повеќе грчко овошје и зеленчук би биле увезувани во Бугарија.
Најденов истакна дека Бугарија сè уште има работа во апсорпцијата на субвенциите од ЕУ во земјоделството за да постигне висок потенцијал во овој сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст