| четврток, 6 декември 2018 |

Овошните сокови не се за честа употреба

esen_ovosje

Британската нутриционистка Сузан Џеб, која работи како советничка за британската влада истакнува дека не треба често да конзумираме овошни сокови, бидејќи содржат ист процент на шеќер како и останатите безалкохолни пијалоци.

Оваа нутриционистка од Кембриџ за „Сандеј Тајмс“ изјави дека престанала да пие сок од портокал и тоа им го советува и на другите. Ако не можат да се откажат од сокот, тогаш Џеб советува да го пијат разреден.

Според нејзините зборови, овошните сокови не се здрава опција, а посебно не се за секојдневно конзумирање.

– Овошните сокови не се исто што и овошјето и во нив има исто толку шеќер колку што има и во другите безалкохолни пијалоци. Исто така се апсорбира многу брзо, така што вашето тело не знае дали пие сок или газиран пијалок – изјави таа.

Најдобра опција, според неа е да се јаде овошје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top