| четврток, 6 декември 2018 |

Секој втор Црногорец е на „фејсбук“

20130103-ova-se-najvlijatelnite-lugje-na-fejsbuk-1

Речиси секој втор црногорски жител е корисник на социјалната мрежа “Фејсбук”.

Според последниот попис на населението во 2011 година, Црна Гора има 625.266 жители, а над 300.000 жители имаат активни “фејсбук” профили.

Црногорските медиуми, сепак, наведуваат дека ова не значи дека половина од Црногорците „се на „Фејсбук““, туку дека постојат и поединци кои имаат по неколку активни профили на оваа социјална мрежа.

Од вкупниот број на активни „црногорски“ профили на „Фејсбук“, 55 проценти се на мажи, а 45 отсто на жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top