Во две одделни акции полицијата од албанскиот град Корча синоќа заплени над 600 килограми марихуана, уапси пет лица, а уште по четири трага.
Во првата акција на патниот правец Ерсек-Корча, во возилото со кое патувале пет луѓе од Ѓирокастро открила над 100 килограми марихуана. Останатата количина полицијата ја запленила кај селото Моглиц во возило со британски регистарски таблички.
Во возилото имало четири лица, кои го напуштиле возилото и успеале да и побегнат на полицијата.
Околу четириесет килограми марихуана полицијата заплени на границата со Грција, кога две лица од Саранда се обиделе да ја прошверцуваат со џип со американски регистарски
таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


