Во текот на 60-те години на минатиот век армијата на САД вршела тестирање на експериментални видови билошко оружје на јужниот јапонски остров Окинава, јави ИТАР-ТАСС повикувајќи се на документи до кои дошла јапонската агенција Кјодо.
Според овие документи, биле извршени најмалку 10 тестирања, при што обработливо земјиште биле прскано со специјални габични бактерии кои предизвикуваат сериозни заболувања кај оризовите култури.
Американските власти претходно признаа дека вршеле тестирање на биолошко оружје на Порто Рико и на Хаваите, но сега првпат се тврди дека такви експерименти биле вршени и на јапонска територија.
Во документите се наведува дека САД официјално ја прекинале програмата за тестирање на биолошко оружје во 1969 година, но не се посочува дали експериментите биле вршени во рамки на американската воена база на Окинава или надвор од неа.
ИТАР-ТАСС наведува дека постојат и сомнежи оти САД во посочениот период вршеле тестирање на билошко оружје и на териториите на источните и јужните американски сојузни држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


