Ниту 18-часовната одисеја на патот од Скопје за Хернинг, ниту силината на противникот, кој е актуелен европски шампион, не го поколебуваат капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на утрешната пресметка со Данска на стартот на Европското првенство (ЕП), кое се игра во оваа земја, објави МКД.мк.
– Заморот дефинитивно ќе остави белег кај играчите. Патот можеби можеше поинаку да биде испланирам, зошто и да не отпатувавме два дена пред почетокот на шампионатот. Но, сето ова е веќе минато. Треба да се сконцентрираме на тоа што не очекува. Знам само дека последниците од долгиот пат нема да ни служат како алиби на мечот си Данска. Ќе мора да одиграме како ништо да не било, да дадеме се од себе и да се обидеме да го совладаме големиот противник – изјави Лазаров за МКД.мк во пресрет на вечерашниот старт на континенталниот собир.
За Македонија ова ќе биде трето учество на собирот на најдобрите ракометни селекции на Стариот континент. Жолто-црвените претходно беа дел од шампионатите во 1998 година и на тој пред две години во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.