| четврток, 6 декември 2018 |

Нова трилер завршница, за нова победа на Атланта

Перо Антиќ и Атланта Хоукс ноќеска ја извојуваа 20-тата победа во годинешната НБА сезона. Овој пат „настрадаа“ ракетите од Хјустон, кои во трилер завршница загубија со 83-80 и неуспеаја да го израмнат резултатот со шут за три поени во послените секунди.

Најзаслужни за новиот триумф на јастребите беа Милсап и Коревер кои постигнаа по 20 поени. Нашиот Перо Антиќ одигра 21 минута на теренот и при тоа постигна 4 поени и 3 скока. Реализираше два шута од осум обиди, а имаше и три неуспешни обиди за три поени. Сепак, одигра добро во одбраната што беше една од причините за 14-от пораз на Хјустон сезонава.

Атланта до сега има 20 победи и 17 порази, а Хјустон 23 победи и 14 порази.

antic hjuston

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top