Од секогаш бев заљубен во музиката, само што јас и музиката до сега не бевме подготвени да се венчаме! Исто како во нормална врска имавме добри и лоши моменти, но никогаш не се откажав од музиката. Се обидов на различни начини и во различни земји, но кога бев во Македонија во 2009 година не наидов на било каква поддршка. Целосно се разочарав и сфатив дека не можам да ја привлечам среќата или успехот со сила, па затоа решив да се вработам и да се ослободам од тој притисок кој го носев во себе… Искрено, се прашев да се вратам на сцена… но мојот пријател Антониот ме пријави на Х Фактор, а балканската публика ми даде доверба. Се на се, музиката и јас сега сме подготвени за свадба, вели Даниел Кајмаковски во интервју за музичкиот портал мјузњуз.
За кои музичари би рекол дека имале најголемо влијание на твојот музички вкус и стил?
Бекстрит Бојс, Бруно Марс, Тоше Проески, Боис 2 Мен, Витни Хјустон, 112, Дејвид Фелпс…
Постои ли некоја песна која би сакал многу да ја испееш на некои од претстојните емисии на Х Фактор?
Дааа! Постои. Тоа е „Master blaster“ од Стиви Вондер или „Russian Roulette“ од Ријана. Ако ми дозволат би ја пеел и „Ој девојче девојче“ или „Лихнида“…
Музиката за тебе е…
Храна од која живеам, лек за мојата душа, медитација, енергија, љубов и решение за сите проблеми кои ги има оваа планета. Без музика животот е само илузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.