
Андов преку интервјуто дадено за Прес24 упати порака до власта и опозицијата да го прифатат предлогот на Претседателот, Ѓорге Иванов за формирање експертска комисија која мора да ги утврди фактите од 24 декември.
-Ако се создаде атмосфера, и не се состави таква комисија, фактички не ќе се утврди во легитимна процедура кој и колку е виновен за тие настани. Мислам дека дијалогот треба да почне и тоа за составот, методологијата, задачите и времетраењето на работата на таа комисија. Не знам што очекуваше опозицијата, но не се случи “сосем поинаку” како што вие велите. Штом Филе во име на Европската комисија побара да се формира експертска комисија, се виде дека меѓународната заедница смета дека настаните од 24 декември се уште не се расчистени и дека задолжително треба да се расчистат- вели Андов во саботното интервју за Прес24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


