| четврток, 6 декември 2018 |

Сензор-проект против сообраќајките

senzor vozilo

Почна скенирањето на црните точки кои однесоа многу човечки животи. Преку проектот „Сензор“ ќе се утврдуваат високоризичните делници за да се зголеми безбедноста на сообраќајот.

Ова е возило што ќе ги скенира црните дупки низ патиштата во Македонија.

Скенирањето ќе заврши за четири дена, мапата за ризици се очекува да биде изготвена за три месеци. Ќе се утврдуваат црните точки на Коридорот 10, дел од Коридорот 8 , Блаце –Скопје, Тетово , Охрид до грчката граница и патниот правец Скопје –Штип. Ќе се скенираат околу 1100 километри во двата правца.

-Податоците ќе се достават до Министерството и до Агенцијата за државни патишта со препораки во однос на тоа какви типови заштити и подобрување на патната мрежа треба да се направи, изјави Миле Јанакиески – министер за транспорт и врски.

-Квалитетната автопатна мрежа и нејзината безбедност е еден од клучните предуслови во развојот и подобрувањето на општествените перформанси , пред се, оние од економската сфера, рече Гордана Јанкулоска – министерка за внатрешни работи.

Со софтверот ќе се утврдува несоодветното поставување на банкините и одбележувањето на свијоците ,по што ќе се изготвуваат соодветни препораки.

-Кога се снима делницата, се снима во секција од 100 метри каде што ги идентификуваат овие 70 атрибути и мошне прецизно се утврдува патниот дизајн,вели Димитар Неновски ,генерален секретар на АМСМ.

Безбедноста во сообраќајот е глобален предизвик имајќи го предвид фактот дека во изминативе 10 години во земјите на ЕУ 500 илјади лица ги загубиле животите . Во земјава само лани се случиле 294 сообраќајни несреќи во кои имало 38 загинати и 488 повредени лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top