| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во групата на просечно интелегентни луѓе во светот

M

Со просечен коефицинет 91, Македонците се во групата просечно интелигентни луѓе и на 16-тото место од 113 нации во светот, пренесува Тинк.мк

Листата ја објави специјализираниот портал за статистика Photius.com и е составена по десетгодишно истражување на двајца психолози – Ричард Лин од Велика Британија и Јелте Вичертс од Холандија и финскиот политолог Тату Вананен. Тие собрале и анализирале студии за интелигенција на населението од 113 земји иод нив го направиле рангирањето.

Со просечен коефициент 108, Сингапур е прв на листата, а зад него е Јужна Кореја со 106, Јапонија со 105, Италија со 102 и Исланд, Монголија и Швајцарија со 101. Меѓу земјите што се на првите десет позиции (со коефициент од 97 до 100) се САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, сите нордиски земји, Русија, Украина и Белорусија…

Словенија со 96 коефициент го зазема 11-то место и е највисоко пласирана од земјите во регионот. Шеснаесеттото место Македонија го дели со Брунеи, Камбоџа, Кипар, Литванија, Сиера Леоне и Тајланд. Пред Македонија се Бугарија (14 место и просечен коефициент 93) и Грција (15-то место и коефициент 92), а Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција го делат 17. место и имаат население со просечен коефицинт 90. Србија е на 18 место со коефицинет 89.

Екваторијална Гвинеја со просечен IQ 59 е на 43 место и последна на листата на која во дното доминираат земји од африканскиот континент.

Според општоприфатените критериуми, просечна интелегенција е од 85 до 115 IQ, од 115 до 130 е натпросечна, а со над 130 IQ се суперинтелигентни и генијалци, во кои припаѓа само два процента од популацијата во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top