| четврток, 6 декември 2018 |

Библијата ни ја раскажува најголемата приказна

Кни­га­та има двој­ни ко­же­ни корици и е во це­лост рач­но изра­бо­те­на во ду­ри три ра­бо­тил­ни­ци во Гер­ма­ни­ја. Под­вр­ска­та е злат­на, а има и гра­ву­ра со уни­ка­тен ор­на­мент. Кни­га­та има по­ве­ќе од 300 поз­ла­те­ни илу­стра­ции

Biblija-ilustrirana-1Из­да­ва­чот „Мла­дин­ска кни­га“ од Скоп­је го прет­ста­ви но­во­то екск­лу­зив­но из­да­ние. Ста­ну­ва збор за реткоста во из­да­вач­ки­от свет – „Илу­стри­ра­на Биб­ли­ја“ на хр­ват­ски ја­зик. Ова е рач­но изра­бо­те­но ре­мек-де­ло, во ти­раж од са­мо 1.500 при­ме­ро­ка на хр­ват­ски ја­зик и са­мо 1.000 при­ме­ро­ка на сло­ве­неч­ки ја­зик. Кни­га­та има двој­ни ко­же­ни корици и е во це­лост рач­но изра­бо­те­на во ду­ри три ра­бо­тил­ни­ци во Гер­ма­ни­ја. Под­вр­ска­та е злат­на, а има и гра­ву­ра со уни­ка­тен ор­на­мент. Кни­га­та има по­ве­ќе од 300 поз­ла­те­ни илу­стра­ции. На са­ем­ска­та ма­ни­фе­ста­ци­ја ова единс­тве­но из­да­ние бе­ше прет­ста­ве­но са­мо за про­мо­тив­ни це­ли, а се про­да­ва­ше за око­лу 2.250 евра.

Две го­ди­ни по­доц­на од „Мла­дин­ска кни­га“ – Скоп­је нѐ ин­фор­ми­раа де­ка до­се­га во Ма­ке­до­ни­ја се про­да­де­ни два при­ме­ро­ка од „Илу­стри­ра­на­ Биб­ли­ја“. Сопс­тве­ни­ци­те на ова екск­лу­зив­но из­да­ние ги др­жат во тај­ност по нив­на жел­ба, а из­да­ва­чот се на­де­ва де­ка во ид­ни­на ќе има по­го­лем ин­те­рес. Има ин­те­рес, ве­лат из­да­ва­чи­те, но сѐ уште е мал бро­јот на ку­пу­ва­чи­те на ра­ри­тет­на­та кни­га, ко­ја мо­же да се пре­не­су­ва од ко­ле­но на ко­ле­но, ко­ја се чу­ва на пот­пи­рач, а се пре­ли­сту­ва со спе­ци­јал­ни ра­ка­ви­ци.

Биб­ли­ја на плоч­ки

Biblija-ilustrirana-4Во цр­ква­та „Сан Иси­до­ро“ во Ле­он (Шпа­ни­ја) се на­о­ѓа ед­на мно­гу вред­на илу­стри­ра­на Биб­ли­ја, ко­ја по­тек­ну­ва од 960 го­ди­на. Таа те­жи око­лу 18 ки­ло­гра­ми и има 516 стра­ни­ци, а е со ди­мен­зии од 47 на 34 сан­ти­ме­три. Ед­на дру­га илу­стри­ра­на Биб­ли­ја, ко­ја де­нес се на­о­ѓа во Ва­ти­кан­ска­та биб­ли­о­те­ка, е Биб­ли­ја­та од Ри­пол. Таа по­тек­ну­ва од 1020 го­ди­на и прет­ста­ву­ва ед­на од нај­ра­скош­но илу­стри­ра­ни­те Биб­лии од сред­ни­от век. До­де­ка пра­вел ва­кви ре­мек-де­ла, на еден ка­лу­ѓер по­не­ко­гаш му тре­ба­ло цел ден за да на­пи­ше ед­на по­чет­на бу­ква или, пак, це­ла не­де­ла за да изра­бо­ти ед­на нас­лов­на стра­ни­ца. Ме­ѓу­тоа, и по­крај нив­на­та вред­ност, овие Биб­лии не при­до­не­ле Бож­ја­та реч да се ра­ши­ри ме­ѓу на­ро­дот.

Биб­ли­ја­та ни ја рас­ка­жу­ва нај­го­ле­ма­та при­каз­на ко­га би­ло рас­ка­жа­на и ни да­ва единс­твен при­каз за од­но­сот ме­ѓу бо­гот и чо­ве­кот. Оваа рас­кош­но илу­стри­ра­на кни­га мош­не кон­циз­но ни ја рас­ка­жу­ва воз­ви­ше­на­та при­каз­на ну­деј­ќи ни но­ви на­чи­ни на раз­би­ра­ње на Биб­ли­ја­та. Из­да­ни­е­то со стан­дар­ден пре­вод на Све­то­то пис­мо е укра­се­но со 300 ре­про­дук­ции на илу­стра­ци­и­те, кои се рач­но сли­ка­ни од Биб­ли­ја­та и кои по­тек­ну­ва­ат од пер­и­о­дот од 1000 до 1610 го­ди­на. Бу­кви­те на Биб­ли­ја­та се пе­ча­те­ни со злат­на бо­ја, има злат­на под­вр­ска и гра­ву­ра. Во пог­лед на илу­стра­ци­ја­та на кни­га­та, тре­ба да се истак­не по­да­то­кот де­ка сред­но­ве­ков­ни­те мај­сто­ри по на­рач­ка на нај­ви­со­ко­то бла­го­род­ниш­тво и на кра­лот рач­но ги сли­ка­ле ра­ко­пи­си­те на Све­то­то пис­мо, кои по­доц­на ста­наа ска­по­це­ни би­се­ри на крал­ски­те биб­ли­о­те­ки. Де­нес, Ав­стри­ска­та на­род­на биб­ли­о­те­ка на Ду­нав ги по­се­ду­ва овие ска­по­це­ни из­да­ни­ја. Таа од Хабс­бур­шка­та ди­на­сти­ја ја нас­ле­ди ед­на од нај­бо­га­ти­те збир­ки на Све­то­то пис­мо. За ова из­да­ние се из­бра­ни 300 нај­у­ба­ви сли­ки од це­ла­та ко­лек­ци­ја, чи­и­што ре­про­дук­ции до крај­на гра­ни­ца го сле­дат ори­ги­на­лот. Кни­га­та е изра­бо­те­на во сог­лас­ност со нај­ви­со­ки­те стан­дар­ди на пе­ча­те­ње. Пе­ча­те­на е на нај­мо­дер­ни ма­ши­ни, кои овоз­мо­жу­ва­ат изра­бо­тка на врв­ни из­да­ни­ја. По­ра­ди прав и раз­ни ба­кте­рии, кои мо­жат да ѝ на­ште­тат, во комп­лет со „Илу­стри­ра­на Биб­ли­ја“ сопс­тве­ни­ци­те до­би­ва­ат и чифт спе­ци­јал­ни ра­ка­ви­ци со кои мо­же да се до­пи­ра­ат ли­сто­ви­те. Во кни­га­та е при­ло­же­на и ма­па со осум ре­про­ду­ци­ра­ни илу­стра­ции, кои се укра­се­ни со злат­на фо­ли­ја. Тоа ѝ да­ва осо­бен бе­лег на рас­кош сли­чен на рач­но сли­ка­на­та Биб­ли­ја.

Biblija-ilustrirana-3-1Биб­ли­ја од коц­ки на „Ле­го“ – при­каз­на­та поб­ли­ску до најм­ла­ди­те

Пред две го­ди­ни Брен­дан Смит Па­у­ел поч­на „кр­сто­нос­на вој­на“ со цел да ја илу­стри­ра це­ла­та Биб­ли­ја, си­те 66 кни­ги на Ста­ри­от и на Но­ви­от за­вет – ко­ри­стеј­ќи са­мо коц­ки на „Ле­го“. Со по­ве­ќе од 175 сли­ки се при­ка­жа­ни си­те ка­ра­кте­ри­стич­ни кла­сич­ни при­каз­ни: Адам и Ева, Ка­ин и Авел, Но­е­ва­та ар­ка, Со­до­ма и Го­мо­ра, Ва­ви­лон­ска­та ку­ла и мно­гу дру­ги. Се­ко­ја при­каз­на е при­дру­же­на со ори­ги­нал­ни сти­хо­ви од Све­то­то пис­мо и со фо­то­гра­фии од комп­лекс­ни де­тал­ни мо­де­ли со­ста­ве­ни од ил­јад­ни­ци коц­ки на „Ле­го“.

Biblija-ilustrirana-3-3

Без ог­лед на тоа да­ли сте хри­сти­ја­нин, фун­да­мен­та­лист, по­бо­жен ате­ист или не­ка­де ме­ѓу… се­ка­ко ќе би­де­те воз­бу­де­ни од оваа те­мел­но ори­ги­нал­на умет­нич­ка ви­зи­ја на Смит.

Biblija-ilustrirana-7Во САД се под­го­тву­ва стрип-вер­зи­ја на Биб­ли­ја­та

Во САД се под­го­тву­ва стрип-вер­зи­ја на це­ла­та Биб­ли­ја, со 2.000 стра­ни­ци и во 12 то­ма.Од из­да­вач­ка­та ку­ќа „Кинг­стон“ об­јас­ну­ва­ат де­ка тоа ќе би­де нај­комп­лет­на гра­фич­ка адап­та­ци­ја на Биб­ли­ја­та и твр­дат де­ка Биб­ли­ја­та во стрип-вер­зи­ја ќе би­де иск­лу­чи­тел­но ку­пу­ва­на.

Оваа вер­зи­ја на Биб­ли­ја­та не е единс­тве­на­та гра­фич­ка вер­зи­ја. Во 2008 го­ди­на умет­ни­кот Си­ку об­ја­вил ман­га-вер­зи­ја, до­де­ка култ­ни­от цр­тач Ро­берт Крамб во 2009 го­ди­на на­пра­вил сопс­тве­на вер­зи­ја што не­го­ви­от из­да­вач ја на­ре­кол „скан­да­лоз­на са­ти­ра“.

Биб­ли­ја­та е све­та кни­га на хри­сти­ја­ни­те. Збо­рот „биб­ли­ја“ е зе­мен од грч­ки­от ја­зик и зна­чи „кни­га“, би­деј­ќи Биб­ли­ја­та се со­стои од мно­гу раз­лич­ни кни­ги. Тие кни­ги на раз­лич­ни ме­ста, во вре­мен­ски пер­и­од од 1.000 го­ди­ни, ги на­пи­ша­ле раз­лич­ни лу­ѓе во­де­ни и инс­пи­ри­ра­ни од љу­бо­вта кон Бо­га. Кни­ги­те од Ста­ри­от за­вет из­вор­но се на­пи­ша­ни на хе­бреј­ски ја­зик, а кни­ги­те од Но­ви­от за­вет на грч­ки ја­зик. Биб­ли­ја­та поч­ну­вај­ќи од соз­да­ва­ње­то на све­тот, рас­ка­жу­ва за те­кот на исто­ри­ски­те на­ста­ни, па сѐ до суд­би­на­та на на­ро­дот. Спо­ред неа, исто­ри­ја­та се од­ви­ва спо­ред Бож­ји план. Во тој план, жи­во­тот на по­е­ди­не­цот (чо­ве­кот) има свое цвр­сто ме­сто и сво­ја смис­ла.

Biblija-ilustrirana-6Биб­ли­ја на арап­ски ја­зик

Во ос­ми­от век, ка­ко ре­зул­тат на тоа што мус­ли­ма­ни­те нав­лег­ле на Пи­ри­неј­ски­от По­лу­о­стров, во Шпа­ни­ја поч­нал да се ши­ри еден друг ја­зик. Во ме­ста­та што ги осво­и­ле мус­ли­ма­ни­те, арап­ски­от го по­тис­нал ла­тин­ски­от и се ја­ви­ла по­тре­ба од Биб­ли­ја на овој нов ја­зик. Без сом­не­ние, во сред­но­ве­ков­на Шпа­ни­ја има­ло мно­гу арап­ски пре­во­ди на Биб­ли­ја­та, осо­бе­но на еван­ге­ли­ја­та. Се чи­ни де­ка еден би­скуп од Се­вил­ја, кој се ви­кал Ху­ан, во ос­ми­от век ја пре­вел на арап­ски це­ла­та Биб­ли­ја. За жал, не е за­чу­ван ре­чи­си ни­е­ден од овие при­ме­ро­ци. Еден арап­ски пре­вод на еван­ге­ли­ја­та, кој по­тек­ну­ва од сре­ди­на­та на де­сет­ти­от век, се чу­ва во ка­те­дра­ла­та во Ле­он (Шпа­ни­ја).

Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 70. број на неделникот „Република“, 3.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top