Младиот пејач Џастин Бибер, најверојатно, ќе заврши на суд бидејќи фрлил преку дваесет јајца кон вратата на неговиот сосед.
Соседот на Џастин повикал полиција кога чул дека нешто тропа на вратата од неговиот балкон.
Се обидел да ѕирне низ прозорот и да види што се случува, но за малку ќе добиел јајце по главата.
– Го видов Џастин како гаѓа кон прозорецот каде што стојам. Го прашав што прави, но не ми одговори – изјавил соседот.
Уште не е познато зошто Бибер го правел тоа, а неговиот портпарол сѐ уште не се изјаснил за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.