
14-годишниот скопјанец, кој предизвика вистински хаос во Драчево правејќи најмалку 5 кривични дела за помалку од 3 часа, проговорил во полициска станица зошто го направил сето тоа. Тој не сакал да го открие идентитетот на 10-годишното дете кое го придружувало додека ги вршел кривичните дела, а жртвите сведочеле дека детето не учествувало туку дека насилникот го принудувал да се движи со него.
Кривичните дела за кои се товари пријавениот, соопшти денеска МВР, се разбојништво во обид, одземање моторно возило, тешка кражба на особено дрзок начин и тешка кражба на особено дрзок начин во обид.
Малолетниот драчевчанец синоќа го почнал сценариото со напад на 85-годишна старица во нејзиниот дом во Драчево, од која барал пари, но не успеал да ги добие. По неуспешниот обид украл автомобил, па со него предизвикал сообраќајна несреќа со поголема материјална штета на Првомајска, по што го оставил искршеното возило и повторно избегал.
По тоа, малолетнинкот не се откажал туку само ја променил улицата, па во непосредна близина нападнал уште една старица на која ѝ го украл златниот ѓердан. Но, и тоа не му ги заситило апетитите, па нападнал и една жена која се движела во непосредна близина во обид да ѝ ја украде чантата. Откако таа пружила отпор, ја фрлил во канал и ја држел околу 15 минути.
Откако се решил да ја пушти, отишол во домот на својата баба и почнал најпрво вербално, па потоа и физички да ја напаѓа. Во кусата борба успеал да предизвика пожар.
По овој настан интервенирала противпожарната екипа, како и полицијата, која го привела малолетникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје


