| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за убиецот на младиот кавадарчанец

tupanica nasilstvo

ПС Кавадарци поднесе кривична пријава за М.Ј. (31) од Кавадарци за сторено кривично дело убиство. На 30.12.2013 година, на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, пријавениот физички го нападнал Д.Д.(32) од Кавадарци, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, по што од нанесените повреди Д.Д. починал. Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top