| четврток, 6 декември 2018 |

Дизни мразел мачки, жени и Евреи

На филмската гала-вечера во Њујорк, Мерил Стрип зборуваше во чест на нејзината колешка, актерката Ема Томпсон, која доби награда за улогата на Мери Попинс во биографскиот филм за „Дизни“.

Оскаровката му се сипа на Волт Дизни и во деветминутната тирада го нарече антисемитист, кој не им верувал ни на жените, ни на мачките. Таа рече дека Дизни не сакал жени и никогаш не им давал добри работни места.

– Тој го поддржуваше антисемитското лоби во индустријата. Сигурно бил роден лицемер – рече Стрип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top