| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ ќе ги скенира банките со грчки и со словенечки капитал

nbrm-500Регионални супервизори ќе ги скенираат македонските банки што се во грчка и во словенечка сопственост. Според Програмата за работа на Народната банка, до крајот на оваа година ќе се изработат специјални извештаи со кои ќе се утврди ризичниот профил на три банки во земјава, членки на НБГ, Алфа банка АС Атина и НЛБ. На крајот од 2013 година, Националната банка на Грција, која е сопственик на Стопанска банка објави позитивни финасиски резултати, а словенечката Нова љубљанска банка, пак, очекува државна инјекција од 1, 55 милијарди евра, како дел од планот за докапитализација, пренесе Фактор.мк.

Банките, штедилниците, менувачниците и давателеите на услуги за брз транфер на пари под засилен надзор – во текот на првиот квартал од оваа година Народната банка ќе изработи Електронски регистар на утврдените нерегуларности. Ќе ги содржи сите детали поврзани со нерегуларности и неусогласености. Веќе во вториот економски квартал гувернерот ќе почне поединечни средби со банките на кои ќе реферираат за ризиците на кои се изложени и развојните политики и стратегии. Освен редовната супервизорска контрола, годинава преку регионални супервизори НБРМ ќе ги таргетира банките кои се во доминантна словеначка и грчка контрола.

Сознанијата и наодите од овие извештаи ќе бидат применети за натамошно следење на состојбата во банките, објаснуваат од НБРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top