Шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин на предавањето во дипломатската академија на македонското Министерство за надворешни работи рече дека 2014 година ќе биде година на предизвици и најави големи промени во, како што ја нарече, најевропската институтиција досега, Европскиот парламент, кои ќе следуваат по изборите.
– Во идниот состав на Европскиот парламент може да влезат антиевропски партии и тоа е ризик за Македонија и за проширувањето затоа што тие можат да бидат резервирани кон проширувањето. Ќе има и нова Европска комисија. Стариот еврокомесар за проширување Штефан Филе се бореше, а сега не се знае каков ќе биде профилот на неговиот наследник. Шансата за регионот се грчкото и италијанското претседателство, кои работат за југоисточна Европа – порача Вигенин на предавањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.