| четврток, 6 декември 2018 |

Марин ле Пен: Ќе сторам сѐ за ЕУ да се распадне

Марин ле Пен,  лидерката на француската десничарска партија Национален фронт, вети декa ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да пропадне Европската унија.

– Како можеме да ја подобриме ЕУ? Така што ќе придонесеме да се распадне. Очекувам само една работа од европскиот систем, а тоа е да пукне – изјавила Ле Пен пред новинарите.

Националниот фронт на Марин ле Пен е само една од антиимиграционите и антиевропските партии чија популарност расте во Европа, каде што многумина ја загубија вербата во способноста на ЕУ дека ќе придонесе за излез од големата економска криза.

Според резултатите на испитувањето на јавното мислење, Марин ќе оствари добар резултат на изборите за Европскиот парламент во мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top